Поранешното момче на Ким Кардашијан со шокантни изјави: „Понекогаш носеше куфер од Луј Витон полн со вибратори!“

Британскиот таблоид „The Sun“ минатиот викенд објави интервју со Реј Џеј поранешното момче на Ким Кардашијан кој на пошироката јавност и е попознат по видеото со кое се прослави и телевизиската ѕвезда.

Пејачот – кој се занимава со сé, но не и со пеење – реши да открие до сега непознати детали од спалната соба на поранешниот пар. Откри дека и двајцата обожавале жесток и груб секс, но и дека на Ким не и се допаѓало тоа што многу се поти за време на љубовните игри и постојано одела во тоалетот за да си ја поправи шминката.

ADVERTISEMENT

 

„Сакаше да изгледа колку што е можно подобро за време на сексот. Беше дива, дури имаше и куфер од Луј Витон полн со секс играчки“, раскажа тој. Откри и дека Ким често знаела да потроши и преку 100 илјади долари за танги, а на нејзината мајка Крис Џенер би и одговорила на телефонот дури и во моментите додека страсно воделе љубов.

 

Но Ким набргу по ова интервју се огласи на Твитер, нарекувајќи го поранешното момче паталошки лажливец. „Па, навистина ли му верувате? Ох, колку е ова смешно“, напиша таа и додаде неколку емотикони на кои умира од смеење.

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed