Поранешниот министер Љупчо Николовски рипна во тавче – погледнете каков свршенички прстен и купи на саканата
Еве како изгледа девојката на генералниот секретар на СДСМ
Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, ја побара за жена својата девојка Андријана Јакимовска. Таа на својот профил на Фејсбук објави неколку заеднички фотографии од Словенија, како и фотографија од свршеничкиот прстен.
Парот прима честитки од нивните пријатели на социјалните мрежи, објави порталот Плус-инфо.
Инаку, Љупчо Николовски откако беше сменет од министерското место е назначен за генерален секретар на СДСМ. Тој дојде на местото на досегашниот генерален секретар Александар Кирацовски, кој беше разрешен од функцијата пред неколку месеци најверојатно како превенција поради случувањата со Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.
Имено, деновиве некои медиуми објавија дека поранешниот секретар на СДСМ е близок пријател со Боки, па најверојатно ќе беше многу поголем проблемот за владејачката партија доколку тој се уште беше на таа позиција.
Пред да дојде на негово место, Љупчо Николовски беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој по потекло е од Крива Паланка, каде во младоста работел и како ди-џеј во единствената дискотека во овој град.
Како средношколец има напишано и драма, „Будење“, која е објавена, а пораснал со уште еден брат кој е поголем од него. Голем фан е на планинарењето и трчањето.