Поранешниот македонски пратеник се ожени со вистинска убавица – НЕВЕСТАТА БЛЕСКАШЕ, од глетката ќе ви застане здивот!
Оваа година е преполна со свадби…
Поранешниот пратеник Павле Богоевски рипа во тавче, а негова избраничка е убавата Александра Мииахлова.
Богоевски и неговата избраничка направија свесност на која беа многу познати лица од политичкиот живот, но и од естрадата. Невестата носеше преубава бела венчаница во која изгледаше како принцеза од бајките, додека младоженецот блескаше во класичен костум.
Александра со венчаницата предизвика воодушевување, додека нејзиниот сакан не ја тргаше насмевката од лицето.
Сите беа воодушевени и од нивниот прв танц, а дел од атмосферата погледнете во галеријата што следува:
Свадбата беше во еден познат ресторан на падините на Водно, а фотографии од настанот сподели и Богоевски.
На свадбата беше и водителот Огнен Јанески, кој објави заедничка фотографија со младенците и напиша:
„Ни се зедоа младиве. Братучед, да сте живи и здрави и исполнети со љубовни ведрина за век и векови. Многу љубов, најмили!“
Инаку, Павле и Александра се заедно речиси пет години, а запросувањето се случи лани во август, на хрватскиот остров Хвар.
Александра по потекло е од Штип и три години работи на Клиниката за гинекологија во Скопје, а има дипломирано на Медицинскиот факултет како општ лекар.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук