Поранешната сопруга на Кајмакоски се соблече во костим за капење, па ги разлути фановите поради опуштеното однесување?

Поранешната сопруга на Кајмакоски откри детали од разводот, но и предизвика негативни коментари со својот „стајлинг“

Даниел Кајмакоски неколку години по победувањето во шоуто „Икс фактор“ се ожени со 13 години помладата манекенка Кристина Димитриевска од Тетово. Тие набргу се остварија и во улога на родители, а на социјалните мрежи редовно споделуваа фотографии од семејната идила.

ADVERTISEMENT

Токму и затоа веста дека се разделуваат и дека во нивниот брак повеќе не цветаат рози ги затекна сите.

„Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија“, зборуваше отворено поранешната сопруга на Кајмакоски.

Фото: Принтскрин

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“ вели 23 годишната Кристина. Таа откри и дека планира да му се врати на манекенството, но и дека ќе заплови во музичките води – заедно со Андреј Миске снимаше песна која ќе излезе во септември.

Фото: Принтскрин

Но ако ги погледнете коментарите под видеото на Јутјуб, каде беше објавено интервјуто, покрај критиките за водителот (бидејќи во сред емисија и порача на Кристина дека ја има најубавата „позадина“ во Македонија), многумина и замерија и на манекенката поради нејзиниот стајлинг.

Имено, емисијата беше снимена на базен, па Кристина позираше во бикини, а камерманот постојано го ставаше нејзиното тело во преден план што предизвика негодување кај оние што ја изгелдаа емисијата. „Желна за внимание, па решила да се покаже“, „Додека беше мажена што не се однесуваше вака?“ и напишаа во коментарите револтираните корисници на социјалните мрежи.

Facebook Comments
(Visited 611 times, 1 visits today)
Loading...