Пејачката Ана Севиќ преку социјалните мрежи се пофали дека скокнала во потоплите краишта
Познатата пејачка Ана Севиќ реши пред новогодишните празници да ги наполни батериите во Дубаи, со својата ќерка Лорена што ја доби кога беше во брак со Дарко Лазиќ.
Таа на социјалните мрежи веднаш се пофали и објави неколку фотографии на Инстаграм од оваа луксузна дестинација.
Најмногу внимание привлече со фотографијата на која позира во портокалов минијатурен костим за капење, па откако ја објави на својот профил на Инстаграм, комплименти од верните фанови на сметка на нејзиниот изглед не престануваат да се редат во коментарите.
Ана лежи и се опушта на плажата, а во преден план е нејзиното беспрекорно, исончано тело…
Таа објави и неколку фотографии на кои можеме да видиме како се забавува и максимално ужива во времето што го минува со својата петгодишна ќеркичка.