Познатата фолк-пејачка имаше одличен настап во еден клуб во Виница
Младата пејачка Едита Арадиновиќ ги воодушеви сите со својот нов сингл „Соба“, а најави и нова песна која наскоро треба да ги види светлото на денот.
Колку публиката ужива во хитовите а познатата пејачка сведочат и снимките што „Едита“ ги споделува преку својот профил на социјалните мрежи.
На настапите публиката заедно со неа ги пеат нејзините најголеми хитови, а таа е пресреќна што го сакат и последниот нејзин сингл „Соба“ кој за само месец дена има преку седум милиони прегледи.
Таа неодамна се пофали и колку ја обожаваат во Македонија.
Таа настапи во златно кусо здолниште со кое ги истакна нејзините убави нозе, додека целиот клуб заедно со неа ги пееше нејзините најголеми хитови.
Инаку, Едита е поп-фолк пејачка и член на познатиот женски бенд „Министерки“. Таа е родена во 1993 година, а кариерата ја започнува во 2010 со учество во популарната музичка шоу програма „Ѕвездите на Гранд“.