Поранешната македонска Гранд Ѕвезда буквално го топи ВИШOKОТ KИЛОГPAМИ – за само месец дена НЕ и се фаќа старата облека
Ивона Јовановиќ не престанува ги изненадува своите обожаватели со позитивните промени во незиниот живот.
Имено, таа е решена да направи најголемата трансформација во својот живот и во тоа засега и оди одлично.
Младата пејачка и инфлуенсерка од Куманово при крајот на месец август направи опepaција на жeлyдникот во Турција, а сега веќе се забележителни првите промените кај неа. Тоа впрочем може да се забележи и од нејзините фотографии, каде Ивона на една од нив пробува да облече стара облека која сега и е поголема за неколку конфекциски бројки.
Еве што напиша таа под оваа фотографија:
„Ден за ден секое парче гардероба кое го носев пред месец дена различно стои на мене. Овие тренерки беа омиленото парче гардероба но за жал ќе мора да земеме друг пар со минимално два конфекциски броја помали“.
„Паника ме фаќа кога ќе сакам нешто да облечам од порано, а парчето во последен момент ќе ме издаде и ќе ми најави дека е време за промена“.
„Океј, јас ќе го направам тоа“.
Инаку, Ивона речиси секојдневно споделува објави и ги известува своите обожаватели за она што и се случува.
Таа на овој начин сака да ги поттикне и останатите да почнат со здрав живот, но и дека не треба да се откажуваат од своите соништа.
Шармантната млада пејачка редовно одговара и на прашањата што и ги поставуваат нејзините фанови, па на прашањето каква промена чувствува по oпepaцијата во однос на глад, Ивона одговори дека сега јада отприлика 15 минути со што повеќе џвака и дека ситост најчесто чувствува во пределот на желудникот (горниот дел). Како што вели таа, на почетокот правела храна колку што порано количински јадела, н сфатила дека нема поента.
„Сега готвам за 10 минути сé затоа што оброците ми се мали“, одговара Ивона на прашањето.
„Јадам на три часа. Претежно протеини и здрави масти. Што се однесува до глад, во ниту еден момент по 16.08. немам почувствувано глад. И тоа е целата поента поради која и успеав а се носам со 700 калории дневно. А внесував се што му е потребно на телото“, додава таа.
Што се однесува до тоа на каква диета била пред oпepaцијата, Ивона објави фотка во костим за капење и во шега вели:
„На сончева диета. Се шегувам. Немав рестрикција со храна пред опepaцијата. Но тоа се зависи од килажата, здравствената состојба во која се наоѓа пациентот и слично“, одговори младата инфлуенсерка.
Таа одговори и на прашањето зошто повеќе никогаш не би се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“, односно се потсети на она што го кажа порано, кога ја донесе таквата своја одлука во врска со ова популарно музичко шоу.
Имено, заради критиките на сметка на својот физички изглед Ивона не успеа да стигне далеку во натпреварот, па откако одлучи повеќе дека не и е местото во ова музичко шоу, на својот профил на Инстаграм напиша:
„Ви благодарам за поддршката која ми ја подаривте од септември до сега. Ова не е пораз, ова е лекција. Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму“.
„Сите кои имате предрасуди за мојот изглед и дебелината ве молам напуштете го профилот“.
„И никогаш повеќе не се враќајте тука! Една огромна благодарност до тимот кој ми помогна во најтешките моменти“, напиша тогаш Ивона на Инстаграм.
Како таа изгледаше тогаш, а како изгледа сега, погледнете и од фотографиите во галеријата што следува:
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ
Фото: Инстаграм / Ивона Јовановиќ