Реклама
Наши ѕвезди

Поранешната македонска Гранд ѕвезда се појави во шоуто за ветерани – ЕМОТИВНИОТ НАСТАП и го посвети на неговата сопруга

Реклама

Бобан Цаневски е професор по историја, а љубовта кон музиката ја наследил од својата мајка.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Скопјанецот денес има 45 години, а со пеење се занимава уште од младите денови. Напоредно со тоа тој работи и како кустос во музејот на Холокaycтот во Македонија, а како што вели самиот, во младоста не успеал да оствари успешна кариера бидејќи не инвестирал доволно во себе.

Тој своевремено се има натпреварувано во „Ѕвездите на Гранд“, а сега својата среќа сака да си ја проба и во „Никогаш не е доцна“.

Бобан за својот прв настап ја избра песната „Тајно моја“ од Тоше Проески, а во публиката го бодреа синот и ќерката.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Неговата сопруга Анета, која е професорка по македонски и поранешна пејачка, не успеа да дојде во Белград, па натпреварувачот реши да и го посвети настапот и емотивните стихови од песната на Тоше.

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

Претставниците на жирито беа воодушевени од тоа како Бобан емотивно го доживеа настапот во музичкото шоу.

Маркетинг

„Човекот сериозно ја работи својата работа. Минатата година ни недостигаше присуство на пејачи од Македонија и среќен сум што оваа година е поинаку и што токму на тебе ти припадна честа да бидеш прв претставник.“

Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн

„Оваа песна не ја избра случајно, ти лежи и одвај чекам да ги слушнам и твоите други интерпретации“, прокоментира Саша Милошевиќ Маре, а со неговото излагање се сложи и легендарната фолк пејачка Зорица Брунцлик.

„Носиш големо бреме што си од Македонија, така што секој пат мораш да бидеш се подобар и подобар“, го посоветува Дејан Петровиќ.

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Инаку, Бобан е фолк-пејач кој одлично се снаоѓа и кога е во прашање поп музиката. Музички идоли му се Тоше Проески и Шабан Шаулиќ, а интересно за него е и тоа што обожава да слуша и Whitеѕnake.

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Има завршено средно музичко училиште, а потоа дипломирал на факултетот за историја.

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Тој е скромен и не сака да се наметнува преку cкaндали, туку својата кариера ја гради темелно и промислено.

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Неодамна се појави во емисијата Гранд коктел, каде се претстави на својот мајчин јазик, а пред неколку години се појави и во Ѕвездите на Гранд.

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button