Поради страшната сообраќајна несреќа денес и утре ден на жалост во Македонија

Во Македонија денес и утре ден на жалост

Фото: Wikipedia

Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат прогласени за ден на жалост поради загинатите во тешката сообраќајна несреќа во која се преврте автобус кај Тетово, во близина на местото Карпалак, соопшти вчерва премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека бројката на загинати достигнала 14 лица.

ADVERTISEMENT

Според очевидци, стравичната несреќа се случила откако автобусот преминал на другата страна од коловозот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Фото: Mkd-news

На лице место веднаш беа упатени противпожарни екипи и возила на Брза помош за да помогнат на повредените и во извлекувањето на телата, а во спасувањето учествуваа и багери и локалното население од кои некои со свои автомобили ги носеа тешко повредените во болниците.

Во несреќата загина и син на пратеник

Во трагичната автобуска несреќа која се случи вчера во попладневните часови на патот од Скопје кон Тетово, загина и Јовица Трпевски кој е син на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ, објави порталот Нова ТВ.

Директорот на 8 Септември ги соопшти имињата на повредените патници примени во Градска болница

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов, вчера на роднините на повредените во тешката сообраќајка кај Карпалак им ги прочита имињата на згрижените пациенти.  Тој нагласи дека пет лица се  починати од кои три по неуспешната реанимација, но нивниот идентитет во тој момент се уште се утврдуваше. Од починатите четири се мажи, а едно е женско лице. „Вкупно 32 повредени се примени во нашата болница, од кои четворица се на интензивна нега, во критична состојба, а еден е пренесен на торакална хирургија, ги информираше Костов роднините на повредените.

Facebook Comments
(Visited 176 times, 1 visits today)