Вести

Поради пасош со старото име остана без работа: Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега

Advertisement

Познатиот готвач Виктор Настески не може да се врати дома, во Македонија, поради неговиот пасош со старото име на земјава.

Има неколку часа лет до дипломатско-конзуларното претставништво, вели тој за местото каде треба да извади патен лист за да се врати дома со старата патна исправа.

Advertisement

– Логистички е многу тешко да се стигне до Амбасадата во Камбера, јас сум на пат во Нов зеленад. Во постојан контакт сум со Амбасадата. Проблемот е логистиката за ние што сме затечени во крузерите. Не сме на копно, не можеме да стигнеме на копно, во амбасадите, вели тој во изјава за Утринската програма на ТВ Телма.

– Фиџи забрани јас да излезам, бидејќи сега пасошот ми е не важечки и не дозволи сега да летам. Компаниите подлегнуваат под пенали, појаснува тој и вели дека начинот за вадење на патни листови треба да биде поедноставен или електронски.

Фото Фб

Виктор Настески кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, останал без договор за вработување оти имал невалиден пасош. Ова го сподели самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека неговата компанија е зачудена како ова може да се случи.

Епа другари и другарки толку беше. Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја. И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор! Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”! Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат! Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде! Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер!

Мојот работодавец со огромни финансиски загуби! Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени! Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега! И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома! Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист! Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат!“, пишува Настески.

Фото фејсбук

Тој ја прашува власта, далие. свесна каква штета предизвикува на граѓаните и на круз компаниите, како и на сите работници.

„Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте! Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото! Ја не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ! И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор!

Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто! Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство!

А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки!“, додава тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button