Поради нејзината убавина животот воопшто не и беше лесен – приказната на Црната Барби треба да ни биде инспирација на сите

Моделот Дуки Тот денес е заштитно лице на многу светски познати брендови, и благодарение на нејзиниот специфичен изглед, темната кожа и лице како на кукла, таа го доби името „Црна Барби”.

Иако е меѓу најбараните лица на денешната модна сцена и светскиот шарм, тоа не е било секогаш така, пишува „Brightside“.

ADVERTISEMENT

Дуки е родена во Јужен Судан во 1995 година. Таа својата слава ја стекна благодарение на австралиското ријалити шоу „Топ модел“ кога имала само 17 години. Но во помладите денови, честопати доживувала различни неволји поради нејзиниот изглед, и имала слично искуство за време на натпреварот на претходно споменатото шоу.

Имено, таа беше критикувана од модни дизајнери и стилисти, бидејќи не знаеја како да се грижат за нејзината коса. Исто така, публиката на почетокот мислеше дека Дуки не е природна, дека има направено естетски операции и дека нејзините фотографии се ретуширани. Покрај тоа, често беше критикувана и од колешките во модната индустрија кои грдо се однесувале кон неа. Затоа во еден момент одлучи да се повлече од модната сцена, а за „Teen Vogue“ изјави дека морала да земе две години пауза за да добие доволно самодоверба и да се врати повторно на работата што ја сака.

 

Сега кога повторно е успешна и ужива во својата работа, Дуки ги поддржува црните модели и се залага за различни позитивни промени во модната индустрија.

Таа во декември минатата година беше дел од шоуто на „Викторијас сикрет“ кога ја воодушеви публиката со својата „специфична“, вонсериска убавина.

 

 

Facebook Comments
(Visited 188 times, 1 visits today)