Сите го обожаваат стилот на војвотката од Сасекс
Поранешната актерка стана модна икона и пред да стане дел од кралското семејство, а во прилог на тоа сведочат бројните нејзини комбинации што ги носеше во изминатиов период а кои предизвикаа голема прашина како во медиумите, така и кај жените од целиот свет кои полудеа по се што Меган ќе облечеше. Па така според податоците на интернет страната „Poshmark“ побарувачката за одредени парчиња што беа видени во режија на новата принцеза драстично скокна.
Меѓу најбараните артикли е чантата „Dionysus Mini“ од „Gucci“ која Меган ја носеше на еден официјален настан.
Gucci
Покрај оваа чанта, посебно популарен стана и беж капутот од канадскиот бренд „Mackage“ кој го носеше за време на официјалната посета во ирска.