Поради владините мерки се рашири короната: Поради системот на хотелски карантин скокна бројот на заразени и жртви
Системот на хотелски карантин воведен кон крајот на март во австралиската држава Викторија поради пандемијата од ковид-19 е одговорен за 18.418 регистрирани случаи на зараза и 768 сmртни случаи предизвикани од тоа заболување, соопштено е денеска после двомесечна истрага.
Истрагата утврдија дека системот на карантин во хотелите, предвиден за да се заштити населението од заразата, е вовден во прекраток рок, за помалку од два дена.
Многумина сметаат дека токму тој систем предизвикал силен втор бран од ковид-19 во наголемиот град во Викторија, Мелбурн.
На сослушувањата во рамки на истрагата можеше да се слушне дека обезбедувањето на хотелите немал соодветна лична заштитна опрема.
Исто така хотелите немале соодветен начин на ослободување на отпадот, како и дека на надлежното министерство задоволството на гостите им било поважно од почитувањето на протоколите за борба против епидемијата.
Втората најнаселена сојузна држава на Австралија бележи најголем пораст на бројката случаи од крајот на март, поради што е продолжена наредбата за останување во изолација во повеќе предградија на Мелбурн, каде целосно се ставени под карантин 9 облакодери со околу 3.000 жители.
На семејствата кои се во изолација им се доставува храна и им е обезбедена медицинска помош, а започнато е и масовно тестирање. Австралија досега успеа да го сузбие ширењето на коронавирост многу подобро од голем број земји.