Популарниот пејач СИ ЗАМИНА ОД МАКЕДОНИЈА и ја смени професијата – еве што работи сега
Испеа големи хитови, а девојките го обожаваа...
Кон крајот на 90-те Дарко жареше и палеше на македонската музичка сцена, а потоа одлучи засекогаш да си замине од земјава.
Скоро и да немаше девојче кое не беше вљубено во пејачот Дарко Илиевски кој многу млад започна да плови во музичките води и тоа доста успешно.
Секоја негова песна беше голем хит, а местата на кои настапуваше беа преполни со публика.
„Бори се за неа“, „Да ти биде срам“, и „Едно тело“, неговиот дует со ДНК се песните кои до ден денес се пеат.
Направи и неколку соработки со останатите пејачи во Македонија и сите тие поминаа одлично кај публиката.
Но, човек кога е заљубен, подготвен е да направи сѐ за својот партнер, па дури и да ја жртвува својата кариера.
Во 2016 година Дарко се пресели во САД, Флорида, каде што живее неговиот дедо односно татко на неговата сопруга Ивана, која е ќерка на познатиот Ди-џеј Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.
Според она што го споделуваат на социјалните мрежи, Дарко и Ивана живеат одлично, а плод на нивната љубов е нивниот син Матео.
Иако поради короната Дарко останал без работа, по спласнувањето на ситуацијата повторно се вработил и тоа како техничар во прехрамбената индустрија.
Со многу труд и работа тие успеале да си купат и свој дом.
Дарко на Инстаграм се пофали како напредува во професијата и веднаш доби честитки и пофалби.
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски
ФОТО: Инстаграм / Дарко Илиевски