Популарна кратка фризура што ја обожаваат и жените од Македонија – време е за нешто навистина слатко
Погледнете и кои Македонки ја обожаваат оваа фризура која е хит веќе неколку сезони
Многу познати дами најчесто ја избираат популарната фризура „pixie“ кога сакаат драстично да ја скратат косата.
Оваа фризура веќе со години е популарна во целиот свет и оние што тоа веќе го направиле секогаш ќе ви кажат дека со ваквиот „ритуал“ (кратењето на косата) постои нешто посебно ослободувачко, нешто што ве прави да се чувствувате многу поразлично.
Но покрај големата промена на која со задоволство ќе се навикнете и која секогаш можете да ја искористите за нов почеток, кратката фризура со себе носи и бројни предности.
И тоа не се однесува само во врска со тоа што ќе изгледате модерно и прекрасно, и што ќе ве издвои од останатите, туку за ова фризура ќе ви биде потребно многу помалку време за одржување, а воедно и ќе го нагласи вашето лице, посебно јаболчиците.
Па доколку сте една од оние дами за кои кратката коса е нешто многу привлечно, оваа фризура е нешто со што не можете да згрешите.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од познатите холивудски дами што обожаваат кратка коса, а некои од нив погледнете во галеријата што следува во продолжение…
Ќе видите интересни варијанти на „pixie“ фризурата, но и неколку познати Македонки кои веќе носеле кратка фризура.
И секако, не заборавајте да ни го кажете во коментарите вашето мислење за еден ваков тренд меѓу познатите дами?
Македонки со кратка фризура