Популарната тинејџерска серија се враќа на ТВ екраните

Одлични вести за сите фанови на една од  најпопуларните серии на сите времиња.

 “HBO Max”, на телефизиските екрани ја враќа популарната тинејџерска серија “Gossip Girl”.Првата сезона ќе има 10 епизоди, но она што ќе ги разочара сите фанови на главните ликови на оригиналната серија – Серена ван дер Вудсен (Блејк Лајвли), Блер Волдорф (Лејтон Мистер), Чак Бас (Ед Вествик), Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), Ден Хамфри (Пен Беџли) и Џени Хамфри (Тејлор Момсен) е што новата серија ќе ги следи животите на сосема нова група на богати тинејџери од Менхетен.

Телевизиската серија е во продукција на творците на изворната верзија на “Gossip Girl”, Џош Шварц и Стефани Севиџ, додека режијата е на Џошуа Сафран.Сè уште не е познато дали некои ѕвезди од претходната верзија ќе се појават во новото продолжение, но Сафран го опишал проектот како “продолжение на серијата со фокус на нова генерација на тинејџери”.

ADVERTISEMENT

“Gossip Girl” се емитуваше во период од 2007 до 2012 година, а иако никогаш немала висока оцена од филмските критичари, имаше страствени обожаватели ширум светот. Серијата имаше шест сезони и 121 епизода, а се базира на истоимените книги на авторката Сесили вон Зигесар. Новата верзија ќе започне да се емитува напролет 2020 година.

Facebook Comments
(Visited 131 times, 1 visits today)
Loading...