Поповиќ им го подигна притисокот на Вики и Цеца, но тие веднаш му ВОЗВРАТИЈА – голема драма во шоуто „Ѕвездите на Гранд“
Еве што ќе гледате во новата епизода…
По овој „брутален“ напад кон Вики Миљковиќ, веднаш во одбрана се „пушти“ и нејзината кума Светлана Цеца Ражнатовиќ која се приклучи на драмата.
Во новата сезона од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ повторно дојде до судир меѓу претставниците на жирито.
Овој пат се „подзакачија“ Саша Поповиќ и Вики Миљковиќ, со што драмата ја започна поранешниот директор на Гранд.
„Ја гледам Вики, таа ќе земе хартија и ќе види дека натпреварувачката пее нејзина песна и веднаш дава глас за неа. Девојката има подобра дикција од тебе Вики“, и кажа во лице Попово.
По овој „брутален“ напад кон познатата фолк-пејачка, веднаш во одбрана се „пушти“ и нејзината кума Светлана Цеца Ражнатовиќ која се приклучи на драмата.
„Ова е баш ниско Саша“, му праша Цеца заради што директорот веднаш и возврати со повишен тон.
„Зошто се мешаш ти во односот помеѓу мене и Вики? Па и таа има уста да каже“, не и остана должен Сале на Цеца.
Но дури тогаш следуваше вистинско изненадување.
Имено во расправијата се вмеша и Ѓорѓе Давид кој реши да застане на страната на својата колешка.
„Да, ќе ја застапувам Виолета“, порача рокерот.
Потоа дојде ред и на Вики, а што му порача таа на Поповиќ ќе можете да видите во новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“.
Инаку, во новата сезона од шоуто има неколку натпреварувачи од Македонија, а досега најуспешна беше Славица Ангелова.
Таа со својот беспрекорен талент ги освои сите осум гласа, а рокерот Ѓорѓе Давид ја спореди со Џејла Рамовиќ.
Славица која по потекло е од Струмица на грандиозната сцена настапи како вистински професионалец и воопшто немаше трема, а како таа изгледаше и како звучеше нејзиниот настап погледнете во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд