Реклама
Наши ѕвезди

Понесен од емоциите, одвај ги задржа своите солзи – фолкерот Спасен ова нема да им го заборави

Секоја чест за пејачот, но и за публиката...

Реклама

Спасен Сиљаноски предизвика лавина од емоции на настапот

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски заедно со тајфата од „Престиж бенд“ им приреди концерт за паметење на велешани.

Пејачот со својата појава ги воодушеви сите кога се појави на сцената, а и тој самиот на ја тргаше насмевката од лицето.

Маркетинг

Сепак, најемотивен момент беше кога ја запеа песната „Мајка“, а публиката во еден глас ги пееше стиховите заедно со него.

Маркетинг
Принтскрин/ Фејсбук

Спасен по настапот сподели и неколку снимки од концертот и ја искористи приликата да им се заблагодари на велешани.

Принтскрин/ Фејсбук

„Концерт на ‘Велешка питијада’. Секоја чест за организацијата, а пред се благодарност на прекрасната публика која што во еден глас ги пееше сите рефрени заедно со мене. Ме направивте навистина горд и среќен“, напиша Спасен под видеото што го сподели на својот официјален профил на Фејсбук.

Пејачот беше пречекан со громогласен аплауз и овации, а атмосферата кога почна да ги пее своите познати песни, толку беше емотивна, посебно кога публиката му се придружи и пееше заедно со него, што Спасен одвај ги задржа солзите.

Принтскрин/ Фејсбук

„Најголем успех за еден уметник е кога публиката на еден глас ги пее неговите рефрени. Дури сега знам колку сум богат кога ве имам вас“, напиша Спасен по неговиот настап во градот на гемиџиите.

Принтскрин/ Фејсбук

Под видеото следуваа бројни пофалби во коментарите за неговиот настап, но и честитки за успешниот настап.

„Еден од ретките фолк-пејачи кој својата кариера ја направи со авторски песни“ му напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Како Спасен изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение…

Потсетуваме, Спасен потекнува од кичевското село Пополжани, каде и денес живеат неговите родители со кои тој е многу приврзан.

Неговата мајка Јагода често ги пишува текстовите за неговите песни, а текстот за песната „Мајка“ првично бил наменет за друг пејач.

Но оваа песна стана хит откако Спасен почна да ја пее на своите настапи, а едно видео на кое тој со солзи и многу емоции ја изведува оваа песна се уште е популарно и се врти на социјалните мрежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button