Помеѓу нив има 20 години разлика – познатиот пар ќе „скокне во тавче“ точно на Нова година
Тие го добија синот во 2017, а сега се шушка дека планираат точно за Нова година да застанат на лудиот камен.
Прекрасниот модел Роузи Ханингтон-Вајтли и холивудскиот актер Џејсон Стејтам се еден од најстабилните холивудски парови, и покрај фактот дека меѓу нив има дури 20 години разлика. Да се потсетиме, двојката се запозна во 2011 година, а ја потврдија свршувачката во јануари 2016 година, кога русокосата убавица на црвениот тепих се појави со голем дијамантски прстен.
„Ние сме најдобри пријатели. Секој ден знае убаво да ме насмее и се чувствувам како да сум немала вистинско момче пред тоа”, изјави Роуз во една пригода, но и истакна дека децата отсекогаш и биле поважни од бракот.
https://www.instagram.com/p/BpQB_eLnQfg/
Во јуни 2017 година, парот го доби синчето Џек Оскар.
Деновиве низ медиумите се погласно се шушка дека парот планира да се венча за Нова Година и тоа да го прослават во нивниот дом на познатиот холивудски рид. Наводно, се очекува поприлично голема забава со многу познати гости, но бидејќи од почеток ја кријат својата интимност, веројатно и овој пат нема да сакаат да зборуваат за тоа.
https://www.instagram.com/p/BmMerekHRrW/
Сепак, атрактивниот 51-годишен актер и уште поатрактивната 31-годишна манекенка, од време на време, знаат да споделат слика на нивните профили на Инстаграм на која се заедно и со која потврдуваат колку се сакаат.