ПОМАЛКУ ОД ПРВИЧНИТЕ ПРОЦЕНКИ – Еве колкаво покачување од понеделник ќе добијат пензионерите со најниски пензии!

Битката за подостоинствени пензии добива на жестина, но предизвикува и поделеност.
Раководството на Сојузот на пензионерски здруженија уште во старт се огради од методите и начинот на водење на битката преку улица:
„Барањата на иницијативните одбори пристигнуваа до нас и ние ги процесуиравме во ресорното министерство и тие се на увид на комисијата на Владата.

Фото Илустрација
Прашањата се поставени и на нив се работи. Има договор прво да се изработат сет мерки за социјална помош на почетокот, а потоа да се пристапи кон системско решавање на најниската пензија.
Ние како сојуз имаме дадено свои предлози, уште од претходно, од пред протестите, и сме за институционален пат на решавање на проблемите и барањата. Јас очекувам дека ќе бидат прифатени одржливи решенија.
Вие можете да барате, но не и нешто што може да наштети и краткорочно и долгорочно и за пензионерите. Затоа велам требаат оптимални барања, исполнување на еден логичен оптимум на тоа што се бара.

Фото Илустрација
Нашиот пензиски систем е јасен, и тоа што се бара не е компатибилно со него“, изјави за ДВ Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.
Линеарното зголемување на пензиите, според пресметките, ќе ја чини државата околу 230 милиони евра годишно. Сума која не е мала, посебно кога се има предвид како и за колку се полни дупката во фондот за пензии која од година во година е сѐ поголема.
Пензиите ќе бидат зголемени, но не за 6.8, туку за 5.3%. Исплатата започнува во понеделник.

Фото Илустрација
Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус. Пензионерите, пак, со најниски пензии ќе добијат само 700 денари.
Од Министерството за труд и социјала за Сител велат:
„Согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5.3%.

Фото Илустрација
Ова е второ усогласување за оваа година, во месец март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно 13.7%“.
Пензионерите се разочарани. Велат дека се излажани и прашуваат што работи работната група кога не им е прифатено ниту едно барање: ниту линеарно покачување од 3.500 денари за сите, ниту минимална пензија од 18 илјади денари. Најавија масовни протести.
„Тоа е катастрофа. Ветено ни беше, и самата министерка зборуваше дека ќе оди со 6, па 6 кома нешто, ќе биде повеќе од 6, па излезе 5,3.

Фото Илустрација
Тоа е 1,5% разлика, тоа е голема разлика. 5,3 подобро нека си ги повлечат и да речат дека нема зголемување“ – Верче Јанческа, иницијативен одбор на пензионери Прилеп
Според Јанческа, ваквото зголемување на пензиите уште повеќе ќе го зголеми јазот меѓу пензионерите и нема да го пополни домашниот буџет.
„Животните трошоци се многу поголеми. Тие ги кренаа на 40% и сега не залажуваат со 10% намалување. Со 1 или 2 денари на лебот што се намалува?
Тоа ли е намалување? Тоа ли е социјална мерка? Што е тоа?“ – Верче Јанческа, иницијативен одбор на пензионери Прилеп

Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Најголемиот дел од нив, над 97 илјади месецот го туркаат со пензии до 13 илјади денари.
Пензионерите, незадоволни од ваквото усогласување на пензиите, на протести бараа линеарно покачување за сите од 3.500 денари и утврдување на минималната пензија над 18.000 денари.
Тие велат дека, за нив, процентуалното зголемување не е прифатливо решение, затоа што потрошувачката кошничка, во апсолутен износ, за сите се зголемила исто.




