Помалата ќерка на Дарко и Маја го „сруши“ интернетот – мамичка никогаш посреќна, има со што да се гордее
Еве зошто сите зборуваат за убавината на помалата наследнича на Дарко и Маја Панчеви
Познатата пејачка со ќерките Надица и Марија е како другаркa
Пејачката Маја Гроздановска-Панчева и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев се запознале пред 25 години.
Тие се запознале спонтано, на иницијатива на Дарко, а по кратко време ќе се родат и симпатиите еден кон друг.
Маја и Дарко повеќе од две децении се во брак и имаат две прекрасни ќерки, Надица и Марија, кои се вистински убавици.
Инстаграм/ Надица Панчева
Имено, Маја која во деведесеттите години на минатиот век важеше за една од најатрактивните жени во Македонија, а која и денес плени со својата природна убавина, овие денови сподели неколку фотографии на кои е со своите наследнички.
Пејачката најпрво објави фотографија од нивниот заеднички одмор, а она што сите го забележаа е дека Маја со нив изгледа како да им е другарка, а не мајка која што се грижи за нив.
Инстаграм/ Надица Панчева
Фотографиите ги сподели и постарата ќерка Надица, додека гордата мама објави и неколку снимки од Марија.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Марија е пет години помлада од Надица и оваа година беше матурантка, а е дел и од модното студио Црнокрак.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Пред неа очигледно е успешна кариера како модел, а тоа сега го покажа и гордата мама со своите последни објави.
Како изгледа Марија во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
Маја со својата прва љубов
Од нивните заеднички фотографии можеме да заклучиме дека Маја одлично се забавува кога е со своите наследнички.
Инстаграм/ Надица Панчева
Тие и се однесуваат како да се најдобри другарки, а Маја кога е со нив ги следи трендовите на помладите генерации, па така и ја направи и оваа „селфи“ фотографија со која ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Маја Гроздановска-Панчева
На неа се само таа и Надица, а на социјалните мрежи можат да се прочитаат и коментари дека изгледаат како сестри.