Полни со калциум, амино киселини, железо, ова е најслаткото овошје со многу бенифиции

Ова прилично благо и вкусно овошје е богато со многу хранливи материи.

Урмите се еден од најупотребуваните десерти на многу нутриционисти кои ќе ви дадат инстант енергија. Полни со калциум, амино киселини, железо и витамини, урмите имаат неверојатни ефекти врз нашето здравје:

Одлични за подобрување на ослабена крвна слика, бидејќи содржат многу железо. Содржат лутеин и зеаксантин, кои уште се нарекуваат “витамини за очи”, неопходни за добро здравје на очите. Бидејќи содржат калиум поволно делуваат при дијареа, покачен крвен притисок и превентивно против мозочен удар. Исто како што спречуваат дијареа, така можат да делуваат за побрзо варење на храната. Неколку урми потопени во вода, преку ноќ, пуштаат сок, кој делува лаксативно и ги стимулира мрзливите црева.

ADVERTISEMENT

Содржат и фосфор, кој има важна улога како храна за мозокот. Од таа причина урмите се препорачуваат во исхраната на оние кои се бават со интелектуална работа. Имаат способност да го намалат и лошиот холестерол. Урмите го зајакнуваат телото и зголемуваат нивото на енергија, па ја зголемуваат и сексуалната издржливост. Содржат и флуор, значаен минерал неопходен во борбата против кариес кој спречува крварење на непцата.

Идеални се за оние кои постат, но и оние кои се на диета, затоа што го зголемуваат чувството на ситост. Но не претерувајте со јадењето, бидејќи сепак се висококалорично овошје.

Facebook Comments
(Visited 247 times, 1 visits today)