Новости

Полиција пред станот на ѕвездата од Гранд, нема мир од бившиот: ѝ ги украде сите пари, па пак и затропа на врата

Advertisement

Младата српска пејачка Александра Младеновиќ повторно се расправа со својот поранешен дечко кој и покрај сите непријатности што ѝ ги предизвикал во животот дошол пред вратата на нејзиниот стан вчера вечер.

Advertisement

Фото: Фејсбук

Пејачката повикала полиција која веднаш реагирала, а по неколку минути излегла од станот и отишла во полициска станица.

Advertisement

Александра Младеновиќ во отворен разговор за српски Информер претходно откри дека имала многу проблеми со младиот човек со кој била во врска. Како што рекла, тој ѝ зел многу пари, но и се заканил дека ќе си го одземе животот.

Фото: Фејсбук

Очигледно Александра налетува на лоши момци во животот. Таа во една друга прилика раскажа како еднаш трпела насилство од партнерот.

„Бев жртва на насилство и ми требаше долго време да соберам храброст да зборувам за тоа. Добив таков шамар од мојот партнер, сето тоа затоа што не бевме на иста бранова должина. Поточно, проблемот настана затоа што јас заработив повеќе од него.

Сето тоа се случи многу одамна, но после тоа не бев подготвена долго време да бидам во врска. Со денови трпев понижувања, навреди, тој буквално сакаше да ме спушти на своето ниво.

Небитно е колку тој имал, колку имав јас… Битни се неговите ограничувања“, изјави Александра.

Фото: Фејсбук

„Тој секогаш зборуваше со мене како пејачка, а не како партнер. Постојано ме малтретираше затоа што си купувам работи, чанти, а тој не може да си дозволи… Па го боли! Го гледав како многу добар човек, емотивен…

Дури помислив и му се заблагодарив на Бога што ми испрати толку добар и нормален човек, но сето тоа кратко траеше. Беше таму во секој момент, но наеднаш се промени.

Тој стана друг човек. Мислев дека е моја вина, пуштив се така… Најдобрата другарка ми кажа дека така ќе се случи“, објаснила пејачката во емисијата „Магазин ИН“, пренесe Пинк.рс.

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button