Познатите трендсетерки полудеа и по оваа многу поевтина копија од најпопуларното здолниште за оваа сезона
Ова здолниште дефинитивно го одбележа ова лето
Тоа беше хит меѓу девојките од екипата на Инстаграм, а поради впечатливиот дезен едноставно не можете да не го забележите. Во прашање е свилено здолниште со средна должина и леопард дезен од австралискиот бренд „Realisation Par“ кој на интернет може да се најде по цена од 130 долари.
https://www.instagram.com/p/BkIkdmagnU4/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Но и покрај тоа што ова здолниште не е скапо како многу други парчиња што ги „фураат“ познатите ИТ девојки, сега се појави негова копија со многу поповолна цена по кое исто така полудеа трендстерките од целиот свет.
https://www.instagram.com/p/Bj5UbWSHDQD/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Иако е во црна-бела боја, со дезенот и кројот потсетува на големиот хит на австралискиот бренд, па затоа и за многу кратко време стана популарно, а во негов прилог оди и цената од 50 долари, односно околу 2500 денари.
https://www.instagram.com/p/Bid_unKhIO2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/Bl3cCqMnOI5/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Во прашање е модел од лондонскиот хај-стрит бренд „River Island“ кој моментално е потполно распродаден, но на интернет продавницата е најавено дека ќе се врати во продажба од 8 септември, па не заборавајте го овој датум ако сакате и вие ова тренди парче да го имате во вашите плакари.
https://www.instagram.com/p/BlayDwxAUjN/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control