Познатите дами и во 2018 ќе го покажуваат меѓуножјето, а тоа го потврди и оваа русокоса дама
Познатата пејачка има голем талент за музика, но не и за мода
На 23 годишната Халси никој не може да и го оспори музичкиот талент, но со модата очигледно е скарана. Пејачката тоа повторно го покажа деновиве на „amfAR Gala“ забавата во Њујорк кога ни демонстрираше дека и со црн фустан може да се погреши, особено ако избереме фустан како нејзиниот.
Пејачката имено носеше долг, асиметричен фустан со длабок прорез кој пред сите фотографи и пред целиот свет го покажа нејзиното меѓуножје. Но за разлика од некои непознати дами кои сакаат дополнително внимание, како на пример актерката Бланка Бланко која на минатогодишните Оскари покажа дека не носи ништо под фустанот, Халси сепак носеше гаќички.
Фустанот ги откри и нејзините бројни тетоважи, а за настапот избра тарнспарентен златен фустан кој исто така малку остави на фантазијата.