Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот фолк-пејач сподели преубава вест – честитки пристигнуваат, тој и сопругата пресреќни (фото)

Овој месец има посебно значење во домот на Марјан Коцев

Реклама

Синот на познатиот пејач наполни пет години

Познатиот македонски фолк-пејач Марјан Коцев (48) преку социјалните мрежи му го честиташе петтиот роденден на својот син.

Нашиот фолкер на Фејсбук објави слика од својот наследник, а под неа напиша „Среќна 5-ка сине мој“.

Маркетинг

Покрај малиот Данило кој се роди во 2018 година од среќа блескаше и неговата сестричка Дуња на која пак роденденот и помина неодамна.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Гордиот татко и тогаш преку социјалните мрежи се огласи и на својата мила наследничка и го честиташе роденденот.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

„Многу брзо ми растеш ќерко! Среќна 10ка душо моја татина! Да ми живееш во здравје и среќа 100 години“, напиша Марјан на почетокот на месецот кога неговата наследничка наполни 10 години.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Потсетуваме, Марјан е во брак со Билјана Коцев со која се ожени во 2010 година, по една година врска.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Тие случајно се запознале на една свадба, а откако ќе им се роди ќерката Дуња, а потоа и синот Данил, за нив цел свет се промени.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Како што самиот пејач откри во една пригода, најтешко му е кога треба да отсуствува од дома на подолго, заради професијата.

„Чекав само да дојде денот кога ќе се качам на авион и ќе си дојдам дома. Скоро секој ден со солзи  гледав авионите како доаѓаа и си заминуваа . Ама тоа е…“  изјави познатиот пејач во една пригода за тоа како се чувствувал додека бил на турнеја во Австралија, илјадници километри далеку од своето семејство.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Инаку, во декември семејството треба да прослави уште еден роденден, а тоа е оној на понежната половина на пејачот.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Минатата година тој не беше тука, па роденденот и го честиташе со емотивна објава во која што ги го напиша следново:

„Невесто моја, среќен 41 роденден. Следниот го славиме заедно. Те сакам“, и порача Марјан тогаш на својата сакана сопруга, а дали овој пат ќе го одржи ветувањето, за брзо време ќе имаме прилика да дознаеме.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Тие се заколнаа на вена љубов во јули 2010 година, а како изгледаа на денот на нивната свадба, погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button