Познатиот фолкер откако се преполови не престанува да шокира преку социјалните мрежи – гледате ли нешто чудно на овие фотографии?
Пејачот Дарко Лазиќ повторно ги изненади сите
Познатиот фолкер Дарко Лазиќ не само што ги шокираше сите заради врската со колешката Барбара Бобак, туку ги изненади своите фанови и со новите фотографии.
Имено, тој на својот профил на социјалните мрежи најпрво објави фотографија на која е во шорце, а фановите не беа задоволни од неговиот стајлинг.
„Каква мода е ова“, „Сега се гледа дека убавината е минлива и што парите и популарноста можат да направат од човекот, затоа бидете задоволни со она што го имате и опуштено. Да не прочитав името не би ни знаел дека е тој“, беа само некои од коментарите под една од овие фотографии.
Но и покрај тоа што го критикуваа за гардеробата, Дарко беше насмеан и очигледно среќен и задоволен од животот.
Дека коментарите не го загрижуваат воопшто тој покажа и со следната своја објава на социјалните мрежи.
Имено, овој пат на социјалните мрежи се појави видео на кое пејачот и неговата девојка јадат плескавици и тоа на хаубата на автомобилот. Тие лежат на автомобилот додека непознатиот автор ги снима со телефонот.
Тие и двајцата цело време се смеат, а многумина оваа постапка ја сметаат за претерана од негова страна.
Само да потсетиме, се шушка дека пејачот решил во родното село Брестач да направи голема православна свадба, и тоа под шатор.
Наводно пејачот и неговата девојка веќе на големо го прават списокот со гости, за кој уште сега се зборува дека ќе биде многу голем и полн со познати фаци.
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ