Познатиот фолкер наскоро планира повторно да рипне во тавче? Поранешните му ги чуваат децата, а тој ужива за сите пари!
Пејачот Дарко Лазиќ во последно време се поечсто престојува во станот на својата колешка.
Не поминаа ни неколку месеци откако Дарко Лазиќ се раздели од Марина Гагиќ, а веќе се шушка дека повторно ќе застане на лудиот камен.
Имено, популарниот пејач наводно до уши е вљубен во својата колешка Барбара Бобак со која го поминува своето слободно време.
Тие на почетокот ги криеја своите емоции од јавност, но во последно време се почесто објавуваат заеднички снимки и слики на социјалните мрежи, па обожавателите гледаат дека парот е нераздвоен.
„Кај Барбара најмногу му се допаѓа тоа што има сличен карактер како него, постојано нешто се шегуваат, сака да се забавува и не му забранува ништо. затоа и брзо се вљуби во неа и не е невозможно наскоро да застанат и на лудиот камен“, вели извор за „Блиц.рс“ кој е близок до Дарко.
„И со оглед на тоа што ова лето и двајцата маат работа, па често беа раздвоени, одлучија слободното време секогаш да го минуваат заедно, па обично Дарко престојува кај Барбара во станот. Заедничкиот живот засега им оди, па се почесто се шегуваат на сметка како својата љубов ќе ја озаконат и правно. На Дарко посебно му се допаѓа што Барбара ја разбира и пејачката работа, па не му досадува и не му љубомори кога се разделни“, додава истиот извор.
Тоа дека веќе размислуваат за брак го потврди и Барбара по судирот со поранешната свршеница на Дарко, Марина Гагиќ.
Помеѓу нив двете настана судир кога Барбара потврди дека Марија и се јавила и дека тогаш и се заканувала и ја навредувала. А она што ја испровоцира најмногу поранешната на Лазиќ беше изјавата на Барбара дека Алексеј, синот на Дарко и марина, веќе ја вика мама.
Инаку, Дарко покрај синот Алексеј што го има со марина, ја има и ќерката Лорена со пејачката Ана Севиќ.
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото: Инстаграм/ Барбара Бобак