Познатиот Турчин објави фотографии со кои го „запали“ Инстаграм – со фотографиите од Париз ги воодушеви и дамите од Македонија
Важи за еден од омилените турски актери и кај нас…
Познатиот турски актер Бурак Озчивит се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“.
Серијата беше популарна и кај нас и од тогаш Бали-бег се уше важи за еден од омилените турски актери.
Сите серии во кои што тој глуми се поприлично гледани и на нашите мали екрани, а неговите обожавателки се интересираат за секој детаљ од неговиот живот. Посебно откако се ожени со Фахрие Евџен, со која Бали-бег во 2019 година го доби синот Каран и која наскоро повторно треба да се породи.
Едно време медиумите во Турција пишуваа и дека нивниот брак е во криза, но парот очигледно успеа да ги помине сите несогласувања.
Овој пат Бали-бег е на патување во Париз од каде објави неколку фотографии со кои ги воодушеви своите обожавателки.
Коментарите во главно се позитивни и на сметка на неговиот изглед, а како тој изгледаше, погледнете во продолжение:
Облечен во кафеав капут и со сив шал изгледа како манекен од некој едиторијал, додека неговата сопруга Фахрие, која е во седмиот месец од бременоста, објави фотографии на кои е нивниот син Каран.
На објавата може да се види како малиот Каран и помага на мама во средувањето на нивниот дом во Турција.
Бурак претходно објави и неколку фотографии од Катар, каде беше да го следи Светското првенство во фудбал.
Но на некои од фотографиите беше со познатиот холивудски актер Кевин Спејси со што предизвика бура од реакции во Турција.
По овие негативни реакции тој ги избриша овие фотографии…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм