Познатиот турски актер претепан до смрт пред очите на неговата вереница

Ѕвездата на филмот „Збогум Германија“, Сандра Зепин го загуби вереникот Емре Ајтекин, кој според порталот „Билд“ е претепан во Истанбул и им подлегнал на повредите.
Според извештаите, Зепин си го ризикувала животот за да го спаси својот вереник, но не успеала.
Според германските медиуми, постои сомневање дека непознати напаѓачи ја малтретирале свршеницата на Емре пред кобниот момент.

Како што објави „Билд“, Емре бил претепан во ресторан за брза храна, откако Сандра била малтретирана од двајца мажи. Емре сакал да ја смири ситуацијата, но брутално го нападнале.
„Жалиме за загубата на Емре, кој трагично почина на почетокот на овој месец. Емисијата „Goodbye Deutschland“ ги следеше него и неговата свршеница Сандра Зепин, нивното патување од Германија до Турција и животот во Истанбул. Нашите мисли се со семејството на Сандра и Емре и сакаме да изразиме искрено сочувство“, напишаа од ТВ-куќата, пренесува „Слободна Далмација“.
„Се обидов да ги одвлечам напаѓачите од Емре, но и тие и мене почнаа да ме удираат. Очите на Емре му беа отворени и имаше многу крв. Ме погледна, му реков дека го сакам, дека не ме оставаат на мир…“, раскажува Сандра за трагичниот настан.
Емре, за жал, од здобиените повреди починал.
Емре Ајтекин (32) се занимаваше со музика и глума.




