Вести

Ја загуби битката со ракот: Познатиот музичар почина на 44-годишна возраст

Advertisement

Гитаристот на британскиот бенд Massive Attack, Анџело Брусини, почина на 44-годишна возраст од рак на белите дробови, соопшти бендот од Бристол.

– Исклучително брилијантен и ексцентричен талент. Невозможно е да се опише на придонесот на Анџело во опусот на „Масив атак“. Среќни сме што го делевме животот заедно – невеле во соопштението членовите на бендот.

Advertisement

Анџело Брусини, кој е роден во Бристол, се приклучил на познатиот трип-хоп бенд во средината на деведесеттите.

Прво бил ангажиран додека го снимале култниот албум „Мезанин“, а набрзо станал постојан член на групата.

Пред да започне да свири гитара во Massive Attack, основана во 1989 година, Брусини свиреше со други групи, како што се The Numbers, Rimshots и The Blue Airplane.

Во 1997 година, Брусини го продуцираше истоимениот албум на алтернативната рок група Strangelove, потсетува Би-Би-Си.

Во јули, музичарот на социјалните мрежи напиша дека боледува од рак на белите дробови, додавајќи:

– Имав одличен живот, многу пати го видов светот, запознав толку многу прекрасни луѓе, но вратата полека се затвора и мислам дека ќе напишам книга…“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button