Познатиот македонски пејач соопшти прекрасна вест – сопругата му е БРЕМЕНА, тој се пофали, па го откри и полот на бебето!
Македонскиот пејач сподели прекрасна вест со своите пријатели и фанови, па веднаш почнаа да се редат честитки.
За Димитар Андоновски се вели дека е најромантичниот пејач на македонската музичка сцена, а тој гордо се носи со таа титула.
Андоновски со музичката кариера започна релативно млад, а денес може да се пофали со многу успеси зад себе.
Започна како виолинист и дел од младите таленти на тогашната „Плеј потрага по ѕвезда“ на М2 продукција. Денес е еден од најангажираните наши поп-пејачи и дел од бендот „Тајфата и Димитар“.
И покрај тоа што е секојдневно опкружен со прекрасни жени, неговото срце го освои само една, убавата Христина.
Христина е негова најголема поддршка, мотив и инспирација за освојување нови врвови.
Христина потекнува од Прилеп, а по професија е наставник по историја.
Со пејачот се повеќе од 5 години во брак, а она што сите го паметат е романтичниот чин кој тој ѝ го приреди. Имено, Димитар ја запроси Христина на неговиот концерт во Битола во 2015 година пред целата публика.
Истата година тие направија и свадба на која присуствуваа многу познати личности од македонската естрада.
Гостите тогаш коментираа дека Христина изгледала како модел на свадбата.
Во 2017 година се остварија како родители. Се роди нивната прва радост, синот Михаил.
– Господ нѐ благослови и на овој свет се роди Михаил. Станав татко на преубаво бебе. Те сакам љубов моја Христина – напиша пејачот на социјалните мрежи.
Сега со својата публика Димитар сподели нови прекрасни вести.
На Инстаграм објави фотографии од популарната забава за трудници пред породување “baby shower” и откри дека Христина е бремена со второ дете.
Пејачот го откри и полот на бебето, односно дека парот очекува уште едно момче.
Христина и Димитар добија многу честитки веднаш по објавувањето на убсвата информација.
Етикетата најромантичен, пејачот не ја носи залудно.
Тој често на социјалните мрежи јавно ѝ искажува љубов на својата сакана. Ретко може да се наиде на маж кој отворено и без срам ќе ги искаже своите емоции пред другите.
-Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност, и добар татко и маж. Ти си мојата мотивација да се борам секој ден, напиша Димитар на социјалните мрежи.
Парот ужива во својата љубов, а повеќе нивни заеднички фотографии погледнете во продолжение.