Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот македонски музичар имаше голема причина за славење – ПРИЈАТЕЛИТЕ му го разубавија денот на Панчо ДНК (фото)

Реклама

Во домот на македонскиот музичар деновиве имаше две големи причини за славење.

Владимир Блажев или Панчо ДНК е човекот кој долго време опстојува на македонската музичка сцена заедно со неговиот колега Андреј Ѓоргиески, со кој се дел од дуото ДНК скоро 20 години.

Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреј има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК – Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“.

Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други.

Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти.

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Поради пандемијата музиката стагнираше и музичарите не вадеа нови песни.

Откако ситуацијата спласна, сите нагло се разбудија и мора да се признае дека музичката сцена никогаш досега немала подобри хитови.

Едни од оние кои ги пласираа своите нови проекти се и Панчо и Андреј.

„Денови во ноќи“ е најновата песна на дуото ДНК, за која е снимен и спот. Песната ја потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, кои се автори на музиката, текстот и на аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи Даниел Јовески.

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

– Идејата со оваа песна, за која е снимен и впечатлив видеозапис, е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже „не“ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Порака дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови – велат Панчо и Андреј.

Интересно е тоа што спотот е снимен во затворот во Куманово и правен е за време додека целата држава беше во карантин.

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Песната за еден ден собра многу прегледи и реакции, како и позитивни критики.

Друга причина за славење е тоа што Панчо деновиве прослави роденден.

Иако работно, музичарот е пресреќен поради сѐ што му се случува.

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Честитки за роденденот доби од многу познати личности ѕвезди кои освен за роденденот му честитаа и за новата песна.

Панчо јавно им се заблагодари на сите:

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Пееше на сиот глас

По повод Европското првенство во фудбал на кое за првпат учествуваше и македонската репрезентација ДНК снимија и песна. „Македонија на Европско“ е насловот на нумерата, а во спотот покрај членовите на групата учествуваа и фудбалери, спортисти, функционери, пејачи, артисти, интернет-ѕвезди, јутубери…

Панчо за време на европското заедно со многубројните македонски навивачи замина во Букурешт да ги бодри фудбалерите. Но и дури кога Македонија изгуби од Австрија, навивачите не се обесхрабрија, туку напротив испратија уште голема поддршка до нашите фудбалери, а еден од нив беше и Панчо. Тој тогаш сподели видео од трибините и напиша емотивна порака.

„Иако го загубивме првиот натпревар, немам зборови со кои можам да ви го опишам чуството на гордост што навивав за нашите фудбалери со цело мое срце и воедно што ја пеев МАКЕДОНСКАТА ХИМНА на цел глас. Сакам најдлабоко од душата да ви се заблагодарам на секој еден репрезентативец кои ни го овозможивте ова неопсиливо чувство. Без оглед на финалниот исходот, вие ни го овозможивте сонот на многу генерации. Морам да ги пофалам сите МАКЕДОНЦИ кои беа на трибините и ја направија целата атмосвера бомбастична! Следи Украина, а ние не ве оставаме сами, идеме уште појако.“

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

„Луѓе не заборавјате МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО#, напиша тогаш тој на Фејсбук.

Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти
Фото: Инстаграм / Диџеј Шорти

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button