Реклама
Вирално

Познатиот лекар брутално искрен: “Не можеме да ја затвораме земјата и да ја уништуваме економијата поради десетина пациенти“

Реклама

Од лошата епидемиолошка состојба со коронавирусот излегува и Србија како и цела Европа и сега се јавуваат само спорадични џепови на заразата, вели пулмологот Бранимир Несторовиќ.

Тој додава дека веројатно до почетокот на јули ќе биде така.

Маркетинг

Вирусот, наведува тој, сега слабее и од 66 новозаразени само еден или двајца имаат воспаление на белите дробови додека во екот на епидемијата на 100 заразени дури 20 или 30 имале воспаление на белите дробови. Запрашан дали ќе има забрана на собири, Несторовиќ рече дека не верува, зошто нема причина за тоа.

„Многу луѓе се тестираат, а мал е бројот на заразени. И оние кои се позитивни не се разболуваат, немаат изразена клиничка слика“, наведе Несторовиќ.

Маркетинг

Во овој период под ризик и натаму се постарите лица и хронично болните, додека младите не се во голем ризик.

„Не можеме да ја затвораме земјата и да ја уништуваме економија поради десетина пациенти кои имаат воспаление на белите дробови. Имаме тестови, ги лекуваме. Нема поента уште га ги ограничуваме луѓето. Сега би било невозможно тоа зошто луѓето ментално поминаа низе епидемијата“, наведува лекарот.

Тој оценува дека се скандалозни изјавите кои доаѓаат од Светската здравствена организација и наведе два примери: првиот врзан за хлорокинот и повлекувањето на студијата, а другиот дека асимптоматските пациенти не се заразни за другите луѓе.

Познатиот српски пулмолог, доктор Несторовиќ претходно изјави дека верува дека на високи температури коронавирусот нема да опстане. Единствено прашање за летово е што државите ќе се одлучат во однос на мерките, вели тој.

– Нема шанси нешто да има преку лето. Од 1. јули потполно е невозможно да има вирус. На висока температура тој не може да опстане долго. Преку лето се ќе биде во ред, барем што се однесува до тоа. Прашање е само како државите ќе го регулираат тоа што се однесува до протокот на луѓе и летувања. Меѓутоа, тоа прашање не е во наш домен. Преку лето вирусот нема да го има, мислам дека за тоа никој и не размислува, рече д-р Несторовиќ.

– Сега акцентот е врз луѓето, нема големи ограничувања освен забраната за собирање на луѓе. Секој е одговорен за своето здравје. Останува да се почитуваат мерките како кога е епидемија на грип, а тоа се дистанца и миење на раце. Нема револуционерни мерки – рече д-р Несторовиќ.

Тој вели дека враќањето кон нормалниот животен тек треба да се одвива полека.

– Мислам дека за едно две до три недели нема повеќе да имаме нови случаи. Тогаш можеме да очекуваме крај на епидемијата. Меѓутоа, тоа е студиска проценка. Според книгите мора да поминат 28 дена, но мислам дека е доволно да поминат седум дена без нови случаи, смета доктор Несторовиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button