Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ задржан во болница – погледнете го драматичниот момент кога на носилки го изнесуваат од театарот

Актерот Сергеј Трифуновиќ е задржан во болницата откако му се слоши на сцената.

Тој беше однесен со возило на Итна помош во Институтот за кардиоваскуларни болести каде се наоѓа се уште

ADVERTISEMENT

Познатиот актер вчера требаше да се појави во претставата „Воз“ во театарот во Нови Сад, меѓутоа само пет минути откако претставата почнала, актерите се повлекле од сцената. Како што објавија српските медиуми, Трифуновиќ се вратил да ја замоли публиката за разбирање, односно ја откажал претставата, бидејќи не се чувствувал добро.

Публиката разбрала дека не се работи за театарски трик кога надвор се слушнала сирена. Сергеј бил испратен со аплауз, а потоа изнесен на носилка. Се очекува негово брзо закрепнување после оваа немила случка.

Фото: Мојновисад.рс

Медиумите шпекулираат дека ова би можело да биде последица од настаните што му се случуваат на Трифуновиќ во последно време. Имено, тој во последно време е во немилост на српските власти која постојано му испраќа инспекции во неговата хуманитарна организација, а деновиве негов пријател му кажал дека му подготвуваат и апсење.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed