Познатиот 39-годишен актер објасни како дојде до тоа да објави провокативна фотографија на Инстаграм, која веднаш беше лајкувана од преку 2 милиони луѓе
„Изгубив од Џесика Корниш”, напиша актерот Чанинг Татум, додавајќи дека губитниците морале да ја објават фотографијата која што ќе ја избере другата личност. „Повеќе никогаш не се кладам со неа“, заклучи тој.
Фотографијата ги воодушеви фановите на актерот, но и 31 годишната пејачка (Џесика Корниш е вистинското име на Џеси Џеј). „Sharing is caring”, коментираше пејачката под фотографијата а свој коментар оставија и бројни други ѕвезди, вклучувајќи ги и Хали Бери и Беар Грулс. „Мислам дека го сруши интернетот“ напиша Оливија Кулпо.
За само 14 часа, фотографиите добија над 2,7 милиони лајкови. „Добар избор на фотографија, ти благодарам”, коментираа неговите обожаватели.
https://www.instagram.com/p/Bw7vqLrFkHi/?utm_source=ig_embed
Парот кој е во романтична врска од минатиот октомври, нема проблем со покажување на нивната љубов на Инстаграм. За роденденот на Џеси Татум напиша:
https://www.instagram.com/p/BZRK7qQnUBv/?utm_source=ig_embed
„Ти дојде на овој свет, на овој ден и го запали. Ги благослови нашите очи, нашите уши, нашите срца и нашите животи. Ти благодарам од се срце што го направи тоа. Многу си посебна. Среќен роденден, драга“.