Позната пејачка со потекло од Босна убиена во Бодрум, Турција

Пејачката Хаџер Тулу е убиена во ноќен клуб во едно од најпопуларните турски летувалишта

40 годишната пејачка Хаџер Тулу чии родители се по потекло од Босна беше убиена во еден ноќен клуб во популарно туристичко летувалиште во близина на Бодрум, Турција, при престрелка на четворица мажи.

ADVERTISEMENT

Според првичните информации покрај неа убиен е и сопственикот на клубот, а 4 лица се повредени. Причините за пукотниците не се познати, но познато е дека пејачката не била мета на нападот, тулу случајно е погодена.

Како што пишуваат светските медиуми Хаџер е ќерка на двајца емигранти од Босна и Херцеговина и е родена во 1978 година во Измир. Нејзините најпопуларни спотови на Јутјуб имаат повеќе од 4 милиони прегледи.

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed