Познатата 64 годишна убавица изгледа неодоливо во костим за капење

Кристи Бринкли, познатата убавица која годинава го прослави 64 роденден деновиве ужива во јужна Франција во друштво на својата 19 годишна ќерка Сејлор.

Русокосата убавица која со својот изглед може да ги засени и двојно помладите колешки спремно скокна во тренди едноделен модел на костим за капење во бела боја какви се мошне популарни меѓу трендсетерките оваа сезона.

ADVERTISEMENT

Кристи која во своите интервјуа вели дека својата линија и ја должи на комбинацијата на вегетаријанската прехрана и вежбањето уживаше во морските радости, а во еден момент дури и скокна во океанот од карпите.

Со неа беше нејзината ќерка Сејлор Бринкли која познатата манекенка ја доби од бракот со архитектот Питер Кук, а која исто така изгледаше мошне привлечно во портокаловиот дводелен модел на костим за капење.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed