Познатата турска актерка Ханде Ерчел постојано е во фокусот на медиумите и со својот приватен живот…
Таа е во врска со турскиот бизнисмен Хакан Сабанџи со кого беше фотографирана како се враќаат од одмор во Париз, кога и нивната љубов официјално беше документирана од страна на новинарите. Откако објавија дена нивната врска е сериозна, тие ја посетија и Финска каде уживаа во глетката на поларната светлина, а потоа планираа да заминат во Англија. Но семејството на Сабанџи им стави „вето“ – тие не дозволија да заминат со нивниот приватен авион, така што познатиот пар одлучи да лета на овие дестинации со редовна линија.
Познатата турска актерка Хандел Ерчел која важи за наследничка на Неџла (Фахрие Евџен) и која се прослави со улогите во хит сериите „Црн бисер“ (Siyah İnci) и „Чукни на мојата врата“ (Sen Çal Kapımı), веќе подолго време ги полни медиумите и со својот љубовен живот.
Таа е во врска со Хакан Сабанџи, млад и богат бизнисмен од Турција. Тие се еден од најпопуларните парови во турските медиуми.
Тие неодамна се вратија од одморот во Париз кога камерите ги фатија заедно на аеродромот во Истанбул.
По патувањето во Париз познатиот пар ќе замине во Финска каде ќе уживаат во глетката на поларната светлина.
Потоа Ханде и Хакан заминуваат во Англија, на уште едно романтично патување, но овој пат нема да патуваат со приватниот авион што припаѓа на семејството Сабанџи, што укажува на тоа дека се уште не добиле „зелено светло“ за нивната љубов, пишуваат турските медиуми.
Како што пренесуваат медиумите, Ханде не сакала да има тајна врска со Хакан, па се согласила да биде со него само ако ја сака пред сите.
Тие на почетокот затоа и патуваа толку многу, за да не ја откријат нивната врска, која сепак излезе на виделина.
Познатиот пар на аеродромот по враќањето од Париз…
Инаку, Сабанџи важи за голем женскар во Турција кој се прослави со својата разузданост и врски со славни убавици.
Но овој пат тој не беше „ловџијта“, туку „пленот“, бидејќи актерката не сакаше да има тајна врска со него, па мораше да ги прифати нејзините услови.
Нивната врска започна некаде при крајот на минатата година, а Ханде претходно беше во врска со Мурат Далкулич, Керем Бурсин и Кан Џилдирим.
Како што своевремено пишуваа турските медиуми, Мурат Далкулич наводно токму заради Ханде се развел од својата поранешна сопруга, Мерве Болугур, која што ја глумеше султанката Нурбано во „Сулејман Величествениот“.
Ханде и Мурат ставија точка на нивнта врска во 2020 година, кога познатата актерка прв пат и ќе го сретне својот сегашен партнер.
Но нивното зближување не прерасна во посериозна врска бидејќи убавата актерка тогаш беше со колегата Керем Бурсин.
Дури по краткотрајната врска со Кан Џилдирим ќе започне кокетирањето со младиот бизнисмен Хакан.
Тој е син на познатата турска дизајнерка Азру Сабанџи (која има соработувано со Пинко и Котон) и милијардерот Омер Сабанџи.
Семејството Сабанџи е едно од најбогатите во Турција и нивното богатство според Форбс се проценува на околу 20-30 милијарди долари.
И љубовната листа на Хакан вклучува многу познати личности од Турција, но и познати светски убавици.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм