Познатата турска актерка наскоро ќе стане мајка, но таткото не е НЕЈЗИНИОТ партнер, туку може да е и Романтичарот?!
Таа го крие својот приватен живот од медиумите
Шармантната Демет Оздемир (28) важи за една од најпознатите турски актерки, а покрај својот неприкосновен актерски талент таа вниманието го привлекува и со својата убавина. Медиумите во Турција досега веќе неколку пати ја прогласија за една од најубавите жени во нивната земја, а иако својот приватен живот максимално се обидува да го сокрие од медиумите, неодамна за прв пат беа објавени детали од нејзиниот љубовен живот.
Па така таа пред три недели беше фотографирана со 35-годипниот пејач Огузхан Коч како се враќаат дома по посета на пријателите. Новиот пар тогаш прв пат им позираше на фоторепортерите откако обелоденија дека се во врска. Тие заедно и се пошегуваа со новинарите и ги прашаа како ги пронашле, а убавата актерка ја искористи приликата да им се заблагодари на обожавателите за прекрасните честитки што го доби за новата љубов со Коч и тогаш изјави:
„Многу прекрасно подароци ми пристигнаа на адресата откако признав дека сум во врска“ изјави тогаш таа и додаде:
„Не можев да ги задржам солзите кога го видов подарокот од мајка ми, изјави актерката“, но Оздемир не сакаше да го открие подарокот.
И само неколку недели по овие вести, во турските медиуми почнаа да се појавуваат информации дека Демет е во блажена состојба. Како што наведе еден извор, актерката бременоста воопшто не ја планирала, па била изненадена кога дознала дека ќе добие дете, а некои медиуми отидоа толку далеку што објавија дека Демет наводно забременила со непознат маж, а не со Огузхан, со кого е веќе неколку месеци.
„Тоа се глупости, луѓето се љубоморни, па раскажуваат се’ и сешто. И сека кутрата таа мора да го почувствува на своја кожа и тоа. Таа нема ни потврдено дека е бремена, мислам дека и тоа е лага. Но сигурна сум дека доколку е вистина дека е во блажена состојба, детето е од сегашниот партнер“, изјави за турските медиуми извор близок до актерката, а пренесе хрватскиот „Стори“. Сето ова ги подгреа и гласините меѓу фановите на популарната серија „Романтичарот“, дека таткото би можел да биде и Џан Јаман, нејзиниот колега од серијата за кого се шушкаше дека е во врска.
Демет Оздемир е родена во 1992 година во Измит, мало место оддалечено 100 километри од Истанбул во источен правец.
Таа и нејзината сестра имале проблеми со нивниот патријахален татко со кого живееле како мали.
Еден ден нејзината сестра се регистрирала во една модна агенција, без да знае нивниот татко, и откако ќе ја добие својата прва понуда, настануваат и проблемите. Таа тогаш имала 19 години, а Демет само 8, но и покрај тоа што се уште била мала, го скроила планот како нејзината сестра да замине за Истанбул, да се појави на снимањето и никој од семејството да не го забележи тоа.
„Првата работа на сестра ми беше насловна во списание. Потоа следуваше понуда за спот на Мустафа Сандал „İsyankar“ вели таа.
Кога дознал таткото започнале и проблемите. Со денови поминале заклучени во соба, а потоа во еден момент заедно со нивната мајка ќе заминат во Истанбул. Нивниот татко нема да дојде со нив и веднаш ќе се прежени, а како што вели Демет, тоа што се тргнал од нивниот пат беше најголемата услуга што тој можел да ја направи за нив.
„Не сме се сретнале со години, но неодамна постигнавме мир. Но, никогаш не помислив дека не мрази или сака. Едноставно, премногу е тврдоглав“, вели Демет.
Демет во Истанбул дошла со нејзините мајка и сестра.
„Имав 16 години и одеднаш решив да танцувам, но мојата висина беше мала и бев 63 кг. Ми рекоа дека треба да имам 51-52 кг или дека нема да можам да танцувам. Работев вредно, јадев само салата секој ден, одев на пилатес и ослабев 11 кг за еден месец“, раскажува таа.
Потоа во неа ќе се роди желбата да стане актерка, и благодарение на талентот, нејзиниот сон ќе се оствари.
Со улогата во „Романтичарот“ таа стана една од најпознатите и најбараните актерки во Турција.
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир
Фото: Инстаграм/ Демет Оздемир