Во рацете носи Луј Витон, а на неа тренд што ќе биде хит оваа пролет – КОМБИНАЦИЈА на Агнеса за која сите зборуваат (фото)
Фармерките се хит, но и чантата од познатиот бренд
Русокосата скопјанка обично ја гледаме во елегантни изданија, па со една ваква опуштена варијанта ги изненади сите.
Агнеса Органџиева е една од оние дами кои никогаш не прават грешки кога е во прашање модата и модните трендови.
Но нејзините фанови се навикнати најчесто да ја гледаат во женствени, нежни и романтични комбинации, а нејзин заштитен знак се елегантните фустани кои во преден план ја истакнуваат женственоста.
Токму затоа ова издание на Органџиева ги изненади сите бидејќи многу ретко ја гледаме во вакви лежерни варијанти.
Имено, најновата комбинација со која Агнеса се пофали на социјалните мрежи изгледа потполно поинаку од сите нејзини досегашни изданија. Таа позираше во „skinny“ фармерки во потемна нијанса, интересна кожена јакна и полудлабоки патики со вградени високи потпетици.
Сепак главна ѕвезда во ова нејзино „кежуал“ издание беше чантата со логото на познатиот светски бренд која Агнеса одлично ја вклопи и со која ја подигна целата комбинација на едно повисоко ниво.
За сличен модел на ваква чанта од истиот бренд потребно е да издвоите околу 1750 евра, а можете да ја порачате и од интернет.
Темните фармерки се хит за оваа пролет
Што се однесува до фармерките и трендовите, не заборавајте дека добриот модел секогаш претставува сигурна инвестиција и одличен избор. Можете да ги носите во секоја пригода бидејќи се вклопуваат во најразлични модни приказни – од спортскиот, па се до елегантниот и деловниот стил.
Што се однесува до трендовите, модниот трон оваа пролетна и летна сезона го презема еден нов модел што ги освои најголемите трендсетерки и блогерки.
Имено, темните фармерки кои некогаш имаа формален карактер оваа година ќе станат задолжителен модел.
Фармерките во темна индиго нијанса се убава промена во однос на светките и средните нијанси кои беа хит во 2021.
Можете да ги носите без проблем со облека во силни бои, а изгледаат поприлично женствено со високи потпетици.
Од друга страна скинатите фармерки или фармерките со дупки во посветли нијанси оваа сезона можат конечно да одморат.
Погледнете ги и останатите модели на пролетни фармерки што можете да ги најдете низ продавниците на најпознатите „хај-стрит“ брендови во Македонија:
ZARA
MANGO
BERSHKA