Познатата пејачка и ријалити ѕвезда скокна во тавче – ја запроси својата девојка, но заради короната решија да ја откажат свадбата
Познатата поп-пејачката Саманта Фокс (53) некогаш ги мамеше воздишките на мажите ширум светот. Но, за време на престојот во „Големиот брат на славните“, таа призна дека ја привлекуваат жени и со тоа им ги скрши срцата на голем број свои обожаватели.
„Љубовта е поголема од сè и не можете да изберете во кого ќе се заљубите “, изјави британската поп-ѕвезда и симболот на женската убавина од осумдесеттите години во времето кога се заљуби во нејзината долгогодишна партнерка Мира Стретон. Тие поминаа 12 години заедно, а пред четири години, Мира ја изгуби битката со ракот…
Сепак, Саманта денес повторно ја пронајде својата среќа во прегратката на осум години помладата Норвежанка Линда Олсен, со која сега е и свршена.
„Сам и Линда се многу среќни и сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Тие се за вљубени, и сакаат тоа да биде и официјално“ – откри извор за „The Sun“.
Поради пандемијата на коронавирус, тие решиле да ја откажат свадбата до понатамошно известување, но во јавноста веќе се шпекулира кој би можел да биде датумот.