Познатата водителка повторно пријатно ги изненади Македонците – Татјана блеска што и да облече
Модниот избор на оваа наша телевизиска дива често е тема во домашните медиуми, но и меѓу модните креатори...
Познатата водителка Татјана Стојановска во уште едно женствено издание со кое предизвика бројни воздишки кај многумина.
Убавата водителка се појави насмеана и средена од глава до пети, а фустанот што го избра за оваа пригода беше посебна приказна.
Имено, Татјана овој пат заблеска во преубава зелена креација со раскошен цветен дезен во бела боја, а ова свое феноменално есенско издание го „зачини“ со класични црни салонки со високи потпетици и нејзината препознатлива насмевка.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, Татјана наскоро ќе го прослави својот 50-ти роденден, а многумина за неа велат дека никогаш подобро не изгледала.
Таа со својата беспрекорна харизма плени каде и да се појави, а овој пат блескаше и со многу малку шминка на лицето.
Креацијата што ја носеше е со должина до глуждот и со долги ракави, со широко плисирано здолниште и „кимоно“ деколте.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Водителката и пред само неколку дена заблеска во смарагден фустан, а повеќе и за ова нејзино издание, прочитајте тука…