Познатата водителка од Канал 5 сподели преубава вест – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Ова беше посебен ден за убавата водителка
Водителката Љубица Јаневска-Ивановска, која блиските нагалено ја викаат Бубе, денес слави роденден.
Таа на својот профил сподели честитки што ги доби од колегите и пријателите, а многумина и посакаа само убавини во животот.
Потсетуваме, Бубе повеќе од 15 години е дел од екипата на Канал 5 телевизија, каде секогаш ја гледаме тип-топ средена.
Инстаграм/ Љубица Јаневска-Ивановска
Таа важи за една од нашите најубави водителки, а многумина за неа велат дека никогаш не изгледала поубаво
Имено, Бубе има 10-годишна ќеркичка Нела, која ја доби од бракот со својот сопруг Александар, а под фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи постојано добива комплименти од фановите.
Инстаграм/ Љубица Јаневска-Ивановска
И како што самата откри во една пригода, по бременоста успеала да се врати во топ форма благодарение на совети на нутриционистка.
Инстаграм/ Љубица Јаневска-Ивановска
Таа претходно долго време сама се обидувала да го симне вишокот што го добила по бременоста, но по неколку неуспешни обиди се посоветувала со својата нутриционистка и за брзо време дошол и првиот резултат.
„Не робувам на посакуваната линија, само знам што треба да направам ако претерам, а тоа претерување не трае подолго од еден до два дена“, изјави водителката во една пригода за Слободен печат.