Познатата водителка во сатен и пердуви изгледа боженствено, но црвената е сепак нејзина боја
Лото Маријана важи за една од најубавите водителки во земјава.
Со оглед на тоа дека е постојано активна на социјалните мрежи, таа тоа го докажува секојдневно.
Дали е во пижами, опуштена комбинација или некој елегантен фустан Маријана Станојковска зрачи со убавина и гламур.
Маријана често може да се види во елегантни фустани, но овојпат блесна во бел фустан во кој наликуваше како ангел.
Нежен сатен и пердуви, а едното рамо и раката разголени. Насмеана Маријана позираше кон објективот на камерата, а комплименти само се редеа.
Сепак се чини дека кога станува збор за Маријана црвената е дефинитивно нејзина боја и најдобро и прилега.
Таа позираше и во друг фустан во црвена боја, а високиот шлиц ги откри нејзините совршени нозе, додека пак длабокото деколте го зазема целиот фокус.
„Преферирам црвена боја“ напиша Маријана, а фановите и порачаа дека изгледа неверојатно.
Маријана и претходно објави неколку фотографии во црвен фустан во кој изгледа божествено и софистицирано.
Облечена во црвен сатенски фустан, бели ракавици и совршена шминка и фризура, Маријана изгледа како да излегла до филмовите на Џејмс Бонд.
Без разлика што и да облече Маријана секогаш изгледа неодоливо и прекрасно, а на комплименти не се штедат ни нејзините фанови на социјалните мрежи на кои таа е доста активна.
Таа освен што е успешна водителка, фотомодел и манекенка обожава и да танцува и пее, па знае да ги почести своите фанови на Инстаграм и Тик-ток со по некое интересно видео.
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска
Фото: Инстаграм/ Маријана Станојковска