Познатата боливудска актерка блескаше во фустан целосно покриен со Сваровски кристали

Ајшварија Рај беше Мис на светот во 1994 година, а од тогаш редовно се наоѓа на најразлични топ листи меѓу најубавите жени на светот.

Познатата боливудска актерка по освојување на титулата се посвети на актерската кариера и денес важи за една од најпознатите боливудски ѕвезди, а често можеме да ја видиме и на бројни случувања во Холивуд. Таа и денес на 44 години изгледа неодоливо и успева да ги засени сите присутни, а тоа го потврди и на овогодишниот Филмски фестивал во Кан.

ADVERTISEMENT

Имено, Ајшварија на црвениот килим се појави во виолетов фустан со мотив на пеперутки во кој беше вистинска сензација. Како што открива Harper’s Bazaar во фустанот се вложени неколку илјади часови работа.

Фустанот е со потписот на дизајнерот Мајкл Чинко кој потполно го покри со Сваровски кристали во ултра-виолетови и сини нијанси, со црвен вез и шлеп долг 6 метри.

За изработка на овој впечатлив фустан се вложени повеќе од 3000 часови работа, односно вкупно околу 125 дена, а дизајнерот при изработката целосно ги почитуваше желбите на шпзнатата актерка, пишува „Harper’s Bazaar“.

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed