Познатата актерка не можеше да издржи и почна да плаче пред публиката – неодамна откри дека ракот и се проширил на мозокот
Познатата актерка веќе седум години се бори со тешката болест за која често зборува во медиумите
Некои од ѕвездите од популарната серија за тинејџери Беверли Хилс 90210 се собраа повторно овој викенд на еден настан.
Меѓу нив беше и Шенон Доерти која боледува од рак на дојката во четврт стадиум. Моментот кога таа се обрати на публиката беше најемотивен.
Ви за заблагодарувам многу, изјави таа и почнаа солзи да и течат на лицето, па се пошегува на своја сметка:
Беверли Хилс, 90210
„Знаете колку сакам постојано да плачам“.
Актерката што ја играше Бренда Волш во култната американска серија Беверли Хилс 90210, ја крена публиката на нозе и доби овации додека зборуваше за својата болест и нејзината секојдневна борба за живот откако ја добила дијагнозата во 2015 година.
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
На панел дискусијата се зборуваше за серијата и им се поставуваа прашања на актерите, а Доерти во врска со тоа какво влијание имала серијата на неа, се присети дека со парите што ги заработила платила некои болнички сметки на нејзиниот татко. Тоа впрочем бил и првиот поголем трошок што го имала по заработката на големиот хонорар од популарната серија.
Беверли Хилс, 90210
На крај, Џон Дорети Јунор починал во 2010 година, на 66 години, по голем број проблеми со здравјето и еден мозочен удар.
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Познатата холивудска актерка додека зборуваше за својот татко не можеше да ги сопре солзите, изјавувајќи дека се уште го сака и дека се уште не може го замисли живот без него.
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Овој настан се случува само неколку месеци откако Доерти во јавност соопшти дека ракот и’ се проширил и на мозокот.
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Таа тоа го направи преку Инстаграм со видео од терапијата со зрачење, додека на лицето и се познаваше голема болка и имаше солзи на очите.
Фото: Инстаграм/ Шенон Доерти
Таа во 2020 откри дека ракот и се врати и дека и се проширил на мозокот, по што следуваше операција и отстранување на туморот.
Беверли Хилс, 90210
„Јас се борам за живот и со оваа борба се соочувам секој ден“, изјави таа тогаш и додаде: „И мислам дека навистина сум добра“.