54- годишната холивудска актерка Џенифер Анистон често пати во јавноста беше осудувана поради тоа што не се оствари во улога на мајка.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Многумина ја нарекуваа себична, некои велеа дека поважна и била кариерата но минатата година за медиумите изјави дека поради проблеми со плодноста никогаш не би можела да стане мајка.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Џенифер неодамна откри што велат нејзините блиски пријатели на тоа.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Колегата Адам Сендлер (56) со кој Џенифер во неколку наврати снимаше филмови, со посебно внимание ја гледа својата пријателка.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Сопругата на Адам, Џеки го мисли истото, па секоја година на Денот на мајката и испраќаат букет цвеќе. На овој начин и покажуваат колку се грижат за неа и дека ја поддржуваат. Тие не сакаат таа да се чувствува запоставена само затоа што нема деца. Оваа информација ја откри Џенифер во интервју за Wall Street Journal.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Инаку Џенифер од 2000 до 2005 година беше во брак со Бред Пит (59), кој се заљуби во Анџелина Џоли (48) на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ и ја остави Џенифер за неа.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
По него се омажи за Џастин Теру во 2015 година, а бракот траеше три години. Џенифер откри дека како дете го гледала бракот на нејзините родители и дека тоа имало големо влијание врз нејзиното однесување во врските подоцна.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
„Отсекогаш ми беше тешко во врските бидејќи бев навистина некако сама. Не знам. Кога ги гледав моите родители, не мислев дека тоа е нешто што едвај чекав да го имам. Не ми се допадна идејата да жртвувам која сум или што сакам за некој друг. Немаше кој да ме научи на тоа. Така беше полесно да се биде слободна. Немав вистински „тренинг“ во тоа давање и примање“, додаде таа.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Минатата година Анистон за Allure откри дека со години сакала да има деца и дека се обидува да забремени.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
„Пробав сè, од асистирана репродукција до пиење некои кинески чаеви. Тоа беше тешко патување. Би дала сè ако некој ми каже: „Замрзнете ги јајцеклетките. Направете си услуга.“ Никогаш не размислувате за тоа на време. Еве ме денес. Таа можност помина“, заклучи Џенифер.
фото инстаграм/Џенифер Анистон
Инаку актерката се прослави со улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“.