Познатата актерка и нејзината ќеркичка изгледаат неодоливо во исти фустанчиња

Во преубави бели фустанчиња со кафеав вез Кејт Хадсон се појави заедно со својата ќеркичка Рани Роуз која има само десет месеци.

Актерката со нивниот неодолив стајлинг се пофали на социјалните мрежи, а следуваа неколку стотици илјади коментари меѓу кои и оние на нејзините славни колешки како Џесика Алба и Лив Тејлор.

ADVERTISEMENT

Кејт Хадсон (40) своето трето дете го роди со третиот партнер во четириесеттата година од животот и досега повеќе пати во своите интервјуа откри дека во овие години и е многу полесно со бебето откако на 25 кога го роди своето прво дете. Не крие дека ќерката Рани Роуз, која што ја има од среќната врска со актерот Дени Фујикаво (33) внесе неизмерна радост во нивниот дом, а покрај двајцата синови, со ќерката сега може да ужива и кога е во прашање избор на фустанчиња, панделки, сандали.

Тие овој викенд се прошетаа облечени во слични бели креации, а актерката воодушевено ги сподели фотографиите на Инстаграм.

„Престанете да бидете толку слатки, и напиша нејзината пријателка Џесика Алба“, а следуваа уште бројни коментари од нејзините воодушевени обожаватели.

Инаку, Кејт неодамна за магазинот „In Style“, зборуваше за тоа како се чувствува во петата деценија од својот живот. „На почетокот од годината го прославив четириесеттиот роденден и сите ме прашуваа како се чувствувам. Но јас навистина не размислувам за тоа, тоа е мојот одговор. Тоа за мене се само години и тоа прекрасни години. Тоа е животен период кога сме свесни дека досега заработивме по некоја мудрост. Сосема е убаво, на свој начин, кога за себе имате некое животно искуство. И знаете што? Сега дури и подобро се забавувам отколку што се забавував во дваесеттите, верувајте ми“, им одговори Хадсон чија ќеркичка има десет месеци.

Таа синот Рајдер (15) го доби од бракот со Крис Робинсон, а 7 годишниот Бингам со поранешниот свршеник Мет Белами.

Facebook Comments
(Visited 44 times, 1 visits today)