Новата вест поврзана со Шарлиз Терон што ја објави американскиот магазин NW предизвика лавина од коментари.
Имено, според споменатиот портал, актерката е во блажена состојба, па се претпоставува кој би можел да биде таткото – Бред Пит, Адам Дривер или Зак Ефрон.
Според нивен извор, актерката сигурно е бремена, само што никој не знае кој би можел да биде таткото
Актерката не била во сериозна врска веќе со години, па така оваа бременост е резултат на невнимание, но бидејќи времето најмногу го минува со актери, таткото мора да биде некој од холивудската А листа, вели истиот извор и појаснува дека еден од кандидатите е и Бред Пит.
Тие двајцата ова година поминуваа многу време заедно бидејќи и двајцата се заштитно лице на компанијата „Breitling“ која прави скапоцени часовници појаснува изворот, но додава дека тоа не е единствениот маж со кого актерката се „дружела“ во последно време.
Адам Дривер исто така работеше во истата кампања, а дополнително ги зближи и нивната љубов кон филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“, на која што таа работи, вели анонимниот извор за овој портал.
Да потсетиме, иако актерката има две деца, ова би и било прва бременост бидејќи пред неколку години одлучи да посвои, па така сега е мајка на две девојчиња, седумгодишната Џексон и четиригодишната Аугуст.